И поранешниот американски претседател Доналд Трамп, реагира на изјавата на францускиот претседател Емануел Макронкој рече дека „Европа не треба да биде вазал на САД“ во врска со прашањето за Тајван.
Макрон: Ако сме сојузници на САД, не сме вазали, Германија вели „тоа е несреќна изјава“
„Овој луд свет се распаѓа, а САД ништо не се прашуваат. Мојот пријател Макрон заврши во Кина, умилкувајќи му се на претседателот Си Џинпинг, се е тоа во ред“, искоментирал Трамп.
Францускиот претседателне се кае за изјавата.
На заедничката пресконференција со холандскиот премиер Марк Руте рече дека „… Франција нема што да учи лекции од никого, ниту во украинскиот театар, ниту во театарот Сахел, ниту во тајванскиот театар“.
Тој појасни дека да се биде сојузник со САД не значи да се биде вазал и дека „само затоа што правиме работи заедно што ќе одлучиме да ги правиме, не значи дека немаме право да размислуваме сами“.







