Американскиот претседател Доналд Трамп, вели дека може да биде избран за Нобеловата награда за мир.
На предизборен митинг во Северна Каролина тој зборувал за потпишаниот договор меѓу Белград и Приштина во Вашингтон.



„Сигурен сум дека ќе се квалификувам за Нобелова награда за мир. Ние ги запревме масовните убиства меѓу Косово и Србија. Тие меѓусебно се убиваа многу години. Ќе престанат да се убиваат. Јас реков, момци, ајде да се собереме.” Знаете, тие тоа го правеа стотици години, под различни имиња “, рече Трамп, пренесува Спутник.