Американскиот претседател изјави дека САД многу сериозно ја следи ситуацијата околу труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, но вели дека неговата администрација нема добиено докази за труењето.
„Тоа е трагичнно, страшно. Не смееше да се случи. Засега немаме видено докази, но ќе обрнеме внимание на случајот“, изјави Трамп кој за време на прес-конференцијата им порача на новинарите дека треба да се фокусираат на Кина, а не на Русија.
Американскиот Стејт Департмент неодамна изрази „голема загриженост“ поради случајот со Навални.






