Откако судот во Колорадо донесе историска одлука, дека Доналд Трамп не може да се кандидира на претседателските избори во САД, тој и се обрати на јавноста.
„Непријателот сака да ми ја земе слободата затоа што сака да ви ја земе слободата. Никогаш нема да им дозволам да го направат тоа. Сакаат да ме замолчат затоа што никогаш нема да дозволам да ве замолчат, а на крајот не дојдоа по мене, тие дојдоа по Вас и јас само им стојам на патот и секогаш ќе им стојам на патот“, рече Трамп.
Поранешниот американски претседател беше обвинет за поттикнување немири во зградата на американскиот Капитол во обид да го поништи резултатот по поразот на американските избори во 2020 година, поради што Суд во Колорадо пресуди дека тој не може да се кандидира на следните претседателски избори.
Кампањата на Трамп соопшти дека пресудата од Колорадо е „погрешна“ и дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд на САД.
Watch: Trump speaks following his removal from Colorado ballothttps://t.co/fha6HLOt7P
— solovakia Ns (@NsSolovakia) December 20, 2023






