Трамп негативен на короноавирус

Личниот лекар на американскиот претседател соопшти дека тестот за прoверка на коронавирус на Доналд Трамп е негативен.



Белата куќа ги објави резултатите од тестот во саботата вечер, откако Трамп претходно на новинарите им соопштил дека се подложил на тест, по притисоците на јавноста да го стори тоа бидејќи минатиот викенд имал контакт со три лица кои биле позитивни за вирусот, меѓу кои и бразилскиот претседател Болсонаро.

Бразилската амбасада во Вашингтон доцна во петокот соопшти дека Нестор Форстер, советник на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кој седел на иста трпеза со Трамп бил позитивен на новиот вирус.

Трамп, по неколку дена инсистирање на тоа дека нема симптоми на вирусот, мораше да се подложи на тест по притисокот од новинарите, соопши Фоксњуз.

Во САД заразени се повеќе од 2.200 луѓе и има најмалку најмалку 50 смртни случаи.