Администрацијата Трамп мора да престане да користи средства од Министерството за одбрана за изградба на ѕид кон Мексико, одлучи вчера судија од Калифорнија.



Со одлуката, се блокира употребата на над 1 милијарда долари од потребните 6,7 милијарди долари што администрацијата на Трамп изјави дека планира да ги насочи кон градење на ѕидот.

Судијата Хејвуд Гилијам Џуниор,  оценил дека американскиот Конгресот не дал дозвола за пренамена на парите од Министерството за одбрана.

Одлуката се однесува за изградба на „делниците“ на ѕидот во должина од 74 и 8 километри во Њу Мексико и во Аризона.

Трамп смета дека ѕидот е една од мерките за борба против трговијата со дрога и криминалците кои пристигаат во САД.

Пентагон и Белата куќа не одговорија веднаш на одлуката, јави Ројтерс.