Американскиот претседател ќе обезбеди привремена заштита на луѓе кои влегле нелегално на територијата на САД, во замена да добие 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот конМексико.
Ова е последиот предлог до демократите да ги добие милијардите за ѕидот долж границата со Мексико, поради што три недели е блокирано финансирањето за федералната влада.
Предлогот е на околу 700.000 луѓе, кои моментов се заштитени со програма која им овозможува да работат, но не и да добијат државјанство, да им го продолжи престојот до 3 години.
Од Белата куќа, Трамп изјави дека нуди „разумен компромис, кој би требало да го прифатат двете страни“.
Демократите го отфрлија предлогот.





