
Американскиот претседател, Доналд Трамп, во обраќање пред дипломираните студенти на воената академија „Вест Поинт“ порача дека нивната работа ќе биде да ги „бранат виталните интереси на Америка“ а да не учествуваат во „бесконечни војни“ на далечните територии, пренесува Ројтерс.
Објавувањето на плановите на Трамп да префрли 9.500 војници од Германија, еден од најголемите сојузници на САД, во Полска и на друго место, ги налути германските власти и предизвика загриженост во американскиот Конгрес дека земјата се повлекува од светската сцена, пренесува Хина.
„Ја завршуваме ерата на бескрајни војни“, рече Трамп. „Не е работа на американските сили да ги решаваат старите конфликти во далечните земји за кои многумина дури и не слушнале. Задачата на американски војник е да ја брани, и тоа силно, нашата нација од надворешни непријатели“, рече Трамп.
Трамп ги повлече американските трупи од Сирија за време на неговото претседателствување и, најавувајќи намалување на американскиот ангажман, изврши притисок врз сојузниците да плаќаат повеќе за нивната одбрана.





