Поранешниот претседател Доналд Трамп изрече обвиненија без преседан на адреса на претседателот Џо Бајден и неговиот син Хантер откако беше пронајден кокаин во Белата куќа.



„Дали некој навистина верува дека кокаинот пронајден во западното крило на Белата куќа, многу блиску до Овалната соба, е за употреба на кој било друг освен Хантер и Џо Бајден“, напиша вчера Трамп на неговата социјална мрежа „ Truth

Според Трамп „лажните медиуми“ наскоро ќе почнат да тврдат дека имало „многу малку кокаин“ и дека пронајдениот прав бил „всушност само аспирин“ и „целата приказна ќе исчезне“, пренесува „Индепендент“.

„Каде се снимките за надзор на Белата куќа, (…) кои брзо ќе покажат од каде дошол кокаинот во Белата куќа? Тие веќе го знаат одговорот, но веројатно не им се допаѓа“, рече поранешниот претседател.

Според Тајната служба, на 2 јули биле пронајдени траги од бела материја во дел од Белата куќа што го користел персоналот, а дел од зградата била евакуирана поради инцидентот.

Супстанцата била испратена на тестирање, кое потврдило дека се работи за кокаин.

Се уште не е познато како точно кокаинот влегол во Белата куќа во делот од каде влегуваат посетители. Во моментов е во тек истрага.

Претседателот Џо Бајден не бил присутен во моментот на инцидентот.

Среде целата драма околу откривањето на кокаинот, политичките противници на Бајден и корисниците на социјалните мрежи, исто така, покажуваат со прст кон синот на Бајден, Хантер Бајден, кој неодамна призна дека се борел со зависноста од кокаин, во неговите мемоари „Beautifull things“.

Во своите мемоари, Хантер Бајден пишувал за тоа како се справувал со употреба на супстанции во неговиот живот, кои вклучуваат алкохол и крек кокаин.

Синот на претседателот Бајден бил отпуштен од резервниот состав на американската морнарица во 2014 година, откако бил позитивен на тестот за кокаин, наведуваат извори.