Поранешниот американски претседател изјави дека еднаш му рекол на шефот на НАТО дека САД нема да заштитат земја која не ги исполнува обврските кон НАТО, доколку биде нападната од Русија.
Тој тврди дека на лидерот на НАТО му најавил дека во тој случај ќе ги „охрабри“ агресорите „да прават што сакаат“. Членките на НАТО се обврзуваат да ја бранат секоја нација во блокот што е нападната.
Белата куќа ги нарече коментарите на Трамп „ужасни и непромислени“, пишува Би-Би-Си.
Говорејќи за време на вчерашниот митинг во Јужна Каролина, Трамп објасни како лидерот на една „голема земја“ претставил хипотетичка ситуација во која (ТАА ЗЕМЈА Н.З.) не ги исполнила финансиските обврски во рамките на НАТО, а би била нападната од Москва.
Тој раскажа како лидерот на една „голема земја“ претставил хипотетичка ситуација во која не ги исполнува финансиските обврски во рамките на НАТО, но се нашол на напад од Москва.
Трамп рече дека овој лидер го прашал дали САД ќе и помогнат на неговата земја во тоа сценарио. „Реков: „Не си платил? Ти си деликвент? …Не, не би те заштитил, всушност би ги поттикнал да прават што сакаат. Мораш да платиш- објаснил Трамп.
Портпаролот на Белата куќа истакна дека поранешниот претседател „ја охрабрил инвазијата на нашите најблиски сојузници од убиствени режими“ и ги нарече коментарите „ужасни и неоправдани“. Тој додаде дека изјавата „ја загрозува националната безбедност на САД, глобалната стабилност и домашната економија“.





