„Мислам дека никогаш не сме биле во толку голема опасност од трета светска војна како што сме сега.
И, како што велам во секој говор, ќе спречам трета светска војна, ги познавам сите тие луѓе”, рече Доналд Трамп, екс-претседателот и кандидатот за уште еден мандат во Белата куќа, обраќајќи им се на своите приврзаници во Ајова.

Според Трамп, САД под управата на неговиот наследник Џозеф Бајден станале „слаба и неефикасна држава“ чие мислење не се зема предвид на светската сцена.



Трамп истакна дека Третата светска војна, ако започне, нема да биде вообичаено бојно поле меѓу армиите и воената опрема на двата противници. „Ова воопшто не е исто како Првата и Втората светска војна.

Тоа беше страшно, но оваа ќе биде многу поголема, ќе има уништување“, додаде политичарот.