Трамп ќе ја запрел војната во Украина за 24 часа, ако пак стане претседател

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во интервју за Фокс њуз, го повтори своето верување дека Русија немаше да ја нападне Украина во февруари 2022 година, доколку тој останеше на функцијата, пренесоа медиуми.



Тој изрази загриженост за можноста за нуклеарна војна со Русија со актуелниот претседател Џо Бајден во Белата куќа.

Трамп, исто така, рече дека е во добри односи и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој верува дека можел да го запре конфликтот меѓу Москва и Киев во рок од 24 часа, ако одново биде избран за претседател идната година.