Трамп ќе ја гаѓа Сирија со „нови, убави и паметни“ ракети

Доналд Трамп ја предупреди Русија да се „подготви“ откако Москва најави дека ќе ги урива проектилите упатени кон Сирија.



„Тие ќе дојдат, убави, нови и паметни“, напиша Трамп на „Твитер“.

„Твитот“, се чини, претствува неофицијална објава на „големата одлука“ во врска со наводниот хемиски напад во Сирија.

Русија најави дека ќе ги собори американските проектили насочени кон Сирија. „Ако има американски напад, тогаш ние … ќе ги собориме ракетите и ќе гаѓаме позициите од каде ќе бидат лансирани“, изјави Александар Засипкин, руски претставник во Бејрут.

Одговарајќи на заканата од американскиот претседател Доналд Трамп, од Москва дговорија  дека доколку проектилите се паметни, тие ќе ги нападнат терористите.

„Паметните ракети треба да летаат кон терористи, а не кон законската влада на (Сирија), која неколку години се бори против меѓународниот тероризам на нејзина територија“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во одговор на „твитот“ на Трамп.

Захарова запраша дали најавата за проектили има за цел да се уништат доказите за наводна употреба на хемиско оружје во „фабрикуваниот напад“ пред да пристигнат меѓународните инспектори.