Американскиот претседател предупреди дека следуваат најтешките недели во борбата против пкоронацвирусот и дека може да се очекува зголемување на бројот на смртни случаи.
„Ќе има многу смртни случаи, за жал, и Њујорк и Лузијана ќе бидат тешко погодени“ изјави Трамп на редовниот дневен брифинг за новинарите доцна синоќа.
Тој најави дека мерките за физичка дистанца ќе бидат пролонгирани до 30 април, но одаде дека се надева оти земјата наскоро ќе може „ да се врати на работа“.
„Оваа земја не е дизајнирана да биде затворена“, рече тој. „Лекот не може да биде полош од проблемот“, рече Трамп како што пренесува АП.






