Претседателот Доналд Трамп му испратил писмо до лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, во кое, меѓу другото, понуди помош во борбата против коронавирусот, се наведува во соопштението на севернокорејската државна новинска агенција, пренесе АФП.
„Во писмото, тој (…) го истакна својот план за унапредување на односите меѓу Демократската народна Република Кореја и Соединетите држави и ја изрази својата намера да обезбеди помош во борбата против епидемиите“, очигледно, алузија за КОВИД-19, се вели во соопштението од сестрата на Ким Јо-Чен лидерот на Северна Кореја.






