Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Кина дека ќе се соочи со последици доколку е „свесно одговорна“ за корона- пандемија.



„Пандемијата можело да се запре во Кина пред да започне, но тоа не се случи и затоа целиот свет страда“, рече Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа, пренесе Ројтерс.

Во најновиот во низата напади на Кина, американскиот претседател рече дека сосема е поинаква работата ако во прашање била грешка.

„Ако била грешка, грешка е грешка. Но, ако тие свесно се одговорни, тогаш сигурно мора да има последица “, изјави Трамп.

Тој не кажа какви мерки САД би преземале против Кина.