Трамп ја заострува трговска војна, Кина не му се плаши

Пекинг ја осуди заканата од Доналд Трамп дека ќе воведе дополнителни тарифи во висина од 100 милијарди долари за увоз на стоки од Кина, а кинески експерти предупредуваат дека САД ќе изгубат и политички од трговската војна  која ги замрзна глобалните пазари.



Портпарол на Министерството за трговија изјави дека Кина е подготвена да усвои „сеопфатни контрамерки“  истакнувајќи „Кина не сака трговска војна, но ние не се плашиме да водиме трговска војна“, пренесе „Фајненшнел тајмс“.

Откако САД и Кина претходно оваа недела разменија закани по американското воведување тарифи во висина од околу 50 милијарди долари за увоз на кинески производи, вчера Трамп наложи да се размисли „за нови дополнителни тарифи од 100 милијарди. . . и доколку е така, да се идентификуваат производите (од Кина) за кои ќе се наметнат такви тарифи“.

Во средата, Кина објави дека за 25 насто ќе ги зголеми давачките за 106 производи кои се увезуваат од  САД вклучувајќи соја, автомобили и хемиски производи …