Американскиот претседател вчера најави дека со извршна уредба привремено ќе ја запре целата имиграција во САД.
Според претседателотр Доналд Трамп, ова е со цел заштита на работните места бидејќи десетици милиони Американци останаа без работа поради економската криза како последица од рестриктивнтие мерки за сузбивање на коронавирусот.
САД минатиотмесец го сопреа издавањето визи, за граѓани од повеќе земји погодени од кризата.
Критичари, за мерката што Трамп ја најави на Твитер велат дека се постигнува долгоричната политичка цел на американскиот претседател: ограничувањето на имиграциите во САД.





