Трамп има проблем со дишењето

Од Белата куќа изразуваат загриженост за здравствената состојба на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако тој со зголемена температура и кашлање беше хоспитализиран во воено-медицинскиот центар Валтер Рид, пренесуваат американски медиуми.
Советникот на Трамп рече дека постои причина зошто состојбата на претседателот е загрижувачка, изјави на својот профил на Твитер новинарот на Си-Ен-Ен, Џим Акоста.
„Ова е сериозно“, тврди извор на Си-Ен-Ен, додавајќи дека Трамп е многу уморен и има некои проблеми со дишењето. Белата куќа продолжува да тврди дека Трамп ќе биде добро“, сподели новинарот на Твитер.