Трамп го „зачисти“ Макрон пред сликање (ВИДЕО)

Американскиот претседател  го изненади својот француски колега, Емануел Макрон кога му го зачисти сакото пред заедничкото фотографирање.



Гестот на домаќинот во Овалната соба во Белата куќа, за Макрон се чини беше малку непријатен, соопшти агенцијата Франс.

„Имаме многу привилегирана врска, сега ќе му го тргнам перутот“ рече Трамп, кој помина со рака преку рамото на Макрон

Макрон и неговата сопруга Бризжит се во тридневна официјална посета на САД.