Тимот на Доналд Трамп остро го критикуваше њујоршкиот адвокат кој сака да го гони поради прикривање пари исплатени на порно-ѕвездата Сторми Даниелс како „радикал-демократ финансиран од Џорџ Сорос“, објави Дејли мејл.
Трамп: Ќе ме уапсат следната недела
Поранешниот американски претседател на својата социјална мрежа Truth Social, со големи букви напиша дека шефот на „корумпираното и високо политизирано окружно обвинителство“ на Менхетен е финансирано од Џорџ Сорос.
Трамп рече дека очекува притвор во вторник и ги повика своите приврзаници да протестираат.
Портпаролот на поранешниот претседател упати жестока критика на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, набргу откако Трамп тврдеше дека ќе биде уапсен во вторник.
Портпаролот, исто така, посочи дека канцеларијата на Брег не го известила Трамп или неговиот правен тим дека апсењето е неизбежно.
Трамп може да биде обвинет следната недела во врска со наводната исплата на порнографската актерка Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна врска.
Се очекуваат можни немири во центарот на Њујорк, каде што се одржува судењето.






