Доналд Трамп му предложил на Владимир Путин да се состанат во Белата куќа во телефонскит разговор во март, објави Кремљ во понеделникот што предизвика вистинско изненадување со оглед на растечките тензии на Западот со Русија.



По телефонскиот повик на 20 март, во кој Трамп му честитал на Путин за победа на претседателските избори, Трамп изјавил дека двајцата водачи разговарале за плановите за можен состанок.

Прес-секретарката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс, во понеделникот рече дека биле дискутирани „голем број потенцијални места, меѓу кои и Белата куќа“, за евентуална средба.

Но, односите меѓу двете замји доживуваат драматичен пад по случајот со труење на двојниот агент Сергеј Скрипал во Солзбери за што Велика Британија ја обвини Русија.

На 25 март, американскиот претседател Доналд Трамп нареди протерување на 60 руски дипломати, наводни шпиони во САД како одговор на нападот со нервен агенс.

Неколку дена подоцна Русија протера 60 американски дипломати и го затвори американскиот конзулат во Санкт Петербург, како одговор на акцијата на САД.