Американскиот претседател се најде на удар на сериозни критики во јавноста откако изјави дека мигрантите од Мексико се животни, објави Ројтерс.
Доналд Трамп, подоцна објаснил дека под поимот „животни“ тој мислел на „мигранти кои припаѓаат на криминални банди и кои илегално влегуваат во САД, а не на другите“.
Според него, поимот „животни“ се однесувал на членовите на криминалната банда МЅ-13.
„MS-13, тоа се животни што влегуваат во нашата земја. Кога ќе влезат MS-13, кога тие членови на криминална банда доаѓаат во нашата земја, јас ги сметам за животни“, објаснил Трамп и рекол дека и понатаму така ќе ги нарекува.
И покрај објаснувањето критиките не престануваат, а организации во Мексико бараат извинување од американскиот претседател.




