На првиот предизборен митинг, вчера во Оклахома, актуелниот американски претседател кој бара уште еден мандат, ја обвини Германија декадолжи 1.000 милијарди долари на НАТО.
Доналд Трамп рече дека Соединетите држави повлекуваат 10.000 војници од Германија затоа што Берлин му должи на НАТО милијарди милијарди долари поради недоволното издвојување за одбраната во текот на изминатите 25 години.
Доналд Трамп упати отворено прашање до германската канцеларка Ангела Меркел и праша кај се парите што Германија издвојувала толку малку за одбрана.
Трамп рече дека Меркел му ветила минатата година дека до 2030 година или можеби во 2032 година, Германија ќе ја исполни целта и ќе почне да издвојува 2% од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана.
Истовремено тој ги повтори критиките на адрса на Германија за гасоводот „Северен тек“ 2, потсетувајќи дека САД треба да ја заштитат Германија од Русија „но Германија плаќа милијарди за енергија од новиот гасовод од Русија“.





