Трамп: Г-7 е застарена група земји

Американскиот претседател го одложи самитот на Г-7, што требаше да се одржи во јуни, веројатно за септември.
Трамп најави дека сака да ги покани Русија, Австралија, Индија и Јужна Кореја на тој собир.
Тој објасни дека ја донел таа одлука затоа што не чувствува дека групата од седумте индустриски развиени земји претставува она што навистина сега e реалност.
„Тоа е многу застарена група земји“, оцени Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.
Покрај Соединетите држави, Г-7 ги вклучува и Канада, Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Јапонија.