Поранешниот претседател Доналд Трамп се изјасни за невин по четирите кривични пријави поврзани со неговите обиди да ги наруши претседателските избори во 2020 година.
Рочиштето вчера траеше само 27 минути.
Поранешниот претседател ќе биде на слобода под многу минимални услови, кои вклучуваат забрана за комуникација со секој за кој се знае дека е сведок во случајот, освен преку адвокат.
77-годишниот Трамп се соочува со четири точки од обвинението, вклучително и заговор за измама, лишување на граѓаните од нивното право да им се пребројуваат гласовите и попречување на официјалната постапка.
Најтешкото обвинение предвидува максимална затворска казна од 20 години.
Следното рочиште за случајот е закажано за 28 август, само пет дена по првата републиканска дебата за избор на кандидат за претседателските избори следната година.,
Трамп го опиша обвинението, како и другите судења против него, како „лов на вештерки“ чија цел е да ја попречи неговата кампања за Белата куќа. Во серија објави на социјалните мрежи, Трамп ја обвини администрацијата на Бајден дека го напаѓа за политичка корист.
„Ова е многу тажен ден за Америка“, им рече Трамп на новинарите по сослушувањето, пред да се качи на приватен авион.
„Ова е прогон на политички ривал. Ова никогаш не требаше да се случи во Америка“, додаде тој.






