„ Откако демократите не ми овозможија праведен процес во Претставничкиот дом – без адвокати, без сведоци, без ништо, сега се обидуваат да му кажат на Сенатот како да го организира својот процес.
Барам итен процес!“, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп.
Твитот следеше откако претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси најави дека нема да ја поднесе процедурата за импичмент до Сенатот се’ додека не дознае како мнозинските републиканци планираат да постапат по предлогот за отповикување во Горниот дом на Конгресот.





