Американскиот претседател Доналд Трамп побарал европоските држави да гии прими назад уапсенте борци на џихадистичката „Исламска држава“,.
Франција, Германија и Британија одбија да го сторат тоа, дознава Б92.
„Се работи за околу 800 џихадисти, а со сигурност може да се каже дека повеќе од 100 се од овие простори, не само од Србија, мислам и од Косово, Македонија, но сите оние кои од овие простори заминале во Германија, Франција, а од таму во Сирија, Ирак“ вели Дарко Трифуновиќ од Факултетот за безбедност, пишува Б92.
„Веројатно ќе се вратат во овие области и не можете да ги запрете.
Ако Трамп ги пушти, а ќе ги пушти, доаѓаат кај нас. Трамп, всушност, испраќа порака до Европа: вие не критикувате, ние трошиме милијарди за да ве заштитиме вас“вели Трифуновиќ за Б92.
Тој вели дека е тешко да се докаже кои од нив отишле во Сирија и во Ирак, а српскиот воен аналитичар Александар Радиќ за б92 вели дека „ако овие луѓе дојдат – треба да им се суди“.





