Александар Трајковски потсети на легендарниот Артим Шакири на контролниот натпревар со унгарски Фехервар во Умаг, постигнувајќи гол директно од корнер во победата на Хајдук од 5:2.



Единствената разлика со ремек-делото на Шакири против голманот Дејвид Симан во ремито 2:2 на Македонија со Англија во 2002 година во Саутемптон е во тоа што македонскиот фудбалски репрезентативец погоди од левото корнер знаменце.

Погодокот на Трајковски (на линкот подолу) во 104. минута од мечот со четири периоди по 30 минути го зголеми водството на сплитските „били“ на 4:2.

www.facebook.com/watch/?v=751135936939041