Александар Трајковски во втората минута од судиското продолжение ѝ донесе гигантски триумф на Македонија од 1:0 над Италија во Палермо и дуел со Португалија на 29 март на нејзин терен за историски пласман на Светското првенство во Катар!



Европскиот шампион нема да оди на мундијалот и покрај 32. удари кон македонскиот гол наспроти петте на „црвено-жолтите“ кон италијанскиот, благодарејќи на прецизниот удар од 20-тина метри оддесно по земја на ексфудбалерот на Палермо.

Истиот тој Трајковски погоди и во ремито 1:1 со Италијанците во Торино во последниот меѓусебен дуел со четирикратниот светски шампион, обезбедувајќи меч со тимот на Кристијано Роналдо, кој славеше со 3:1 против Турција.

За Трајковски ова е 20. погодок за националниот тим, со кој испиша историја за македонскиот фудбал.