Затворањето на маркети е престрога, драконска мерка која предизвикува штети , реагираат од Стопанската комора
Извршниот директор Антони Пешев вели дека маркетите немале доволно време да се подготват за намалување на цените , бидејќи станувало збор за околу 1.200 артикли. Во текот на договарањето со компаниите за поевтинување на производите, Владата ветила дека ќе им каже на време кој датум ќе го даде како репер , но на крајот трговците за датумот дознале од медиумите
Според Бектеши членовите на Стопанската комора имале контрадикторни ставови, тој тврди дека го послушал првиот човек на комората :
Учествував на двата состанока во Министерството, и со големите ланци на супермаркети и со дистрибутерите. Искажана беше подготвеност да се поддржи иницијативата за намалување за десет отсто на таа класа производи која беше важна за Министерсвото. Веројатно постојат некои пропусти, но во директна комуникација со министерот, а се надевам и денеска ќе имаме директни комуникации по координативниот состанок со ланците супермаркети, ќе се обидеме проблемот да го сведеме на некакво логично време кое ќе им се даде на маркетите да се прилагодат на мерката. Мислам дека никој тоа не го направил намерно и не треба да се злоупотреби. Иако се зборува за 75 класи артикли, цената требаше да им се смени на 1 200, вели Антони Пешев , Извршен директор на Стопанска комора
Имаа рок од десетина дена да ги направат измените. Имав состаноци со нив. Јас имам одлична соработка со Стопанската комора, го слушав претседателот Бранко Азески кој порача да постапуваат инспекторатите на терен. Го почитуваме тоа како порака и еве ние му ја исполнивме желбата, ќе се почитуваат законските одредби за казнување и затворање на одредени компании кои работеле спротивно на законските одредби, изјави Министерот за економија Крешник Бектеши .
Во текот на викендот бea извршени инспекциски надзори при што се констатирани прекршоци во делот на законот за трговија и законот за потрошувачи, по што на дел од ланците на маркети ДПИ одлучи да стави клуч на врата . Според директорот , петдневно затворање ќе било доволно за да ги решат аномалиите .
Инаку, 9-тиот пакет антикризни мерки ќе биде донесен најверојатно во ноември , со оглед на најавата од Премиерот дека наредниот месец ќе го посветеле на анализи . На утрешната Владина седница пак, треба да бидат донесени мерки за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци .

Извор : https://alfa.mk/%d1%81%d1%82%d0%be%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d1%80%d0%b0-%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5/





