Трајковска: Земи сунѓерче…

„После националистичките и екстремистичките изјави на бугарскиот премиер Денков и претседател Радев дадени на 2 август, со кои уште една јавно, гадно и гласно ја позиционираа бугарската непријателската политика кон Македонија и Македонците, да излезеш на 5 август и да им црташ на табла на Македонците дека само уште сега, за последен пат ќе треба да те понижат и ќе мора да затнеш нос и да голтнеш е во најмала рака трагиконично и безобразно.



Ова е коментар на Жанета Трајкоска, директорката на Институтот за комуникациски студии, по часот по цртање на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Не знам дали ПР и стратешкит тим на МНР и Влада знае дека имаме интернет и гледаме надвор од Македонија, а и дека многу смрди дури и со затнат нос и ова не се голта.

Друго ќе беше на пример да имавме како држава испратено протесна, ама било каква нота до Бугарија дека со озјавите на нивните челници го негира постоењето на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и го зголемува непријателството и дупката меѓу двата народи и дека такви изјави се неприфатливи за Македонија.

Прати некој некое пусулче до Бугарите?!

Некоја изјава барем од челниците на државата дека се навредени?! Ноуп!

Стратегија скриј се под јорган планина, чекај да помине и земи табла да црташ дека последен пат ќе ги боли сограѓаните ама ќе мора да голтнат и да се навикнат да живеат со смрдеата која доаѓа од нив самите оти сами си ја лапнале.

А, секако, мора да се слуша меѓународниот фактор оти тие се фокусираат кон најлесното решение, а кај нас е најтенко, оти ние немаме идеа за нас, па послушно се слушаат сите други, оти врска немаме што значи автохтона и државна политика“ му порачува Трајковска на Османи со хаштагот #земисунѓерче