„ Дали актуелниве политичари кои се пенават за „доброто“ на Македонија, без оглед дали се во позиција или опозиција и што веднат глава дома, по комшии и во ЕУ се свесни за разорната штета што и ја прават на државата“?! – реагира новинарката Жанета Трајковска по последната одлука на Бугарската академија која донесе одлука дека македопнскиот јазик – не постои.



„Зарем не им е јасно дека неидентификуваното членство во ЕУ кое можеби нема да се случи, без оглед што тоа ќе е „историска грешка на ЕУ“, не вреди ни „пишлив боб“, кога народот е потценет, исплукан, дефиниран како непостоечки, исмеан и избришан?! Кога државата смрди и се распаѓа од болни коалициски договори и од вашиот ситно функционеско-политички страв и потчинетост кон коалицискиот партнер…- пишува Трајковска на Фејсбук