„Не сериозно, колку треба да си амеба за да пуштиш навивачка група во театар? Да, да знам ова ВМРО го правело, тоа треба да се уништи…АМА дечки ова ВМРО го правело со НАШИ пари и вие ни плукате на сите нас во лице.



Каков е овој самоуништувачки и срамен ген? – прашува новинарката
Жанета Трајковска.
„Ова е срамно, дивјачко, скандалозно и бара оставки, од тие што во Министертвото за култура дозволиле, до Министерот, до директорката на театарот и сите до еден што „не виделе“ дека навивачите се опасни. Се смеете под мустаќ дека златово е уништено? Па многу е јадно тоа бре, многу. Вие немате храброст една бетонска коцка од сред плоштад да тргнете и два брода од речното корито каде на времето течеше Вардар. Вие не смеете да отидете до Чаршија да видите што се руши и какви торти се градат, каков град никнува на Кале, ама вака ќе давате изим да се уништува СК 2014…оти Грујо го градел.
Ова многу зборува за сите вас што сте дел од овој скандал. Каква болна психа, исфрустрирана и злобна. Самоуништивачки за сите вас. И јадно. Многу јадно“.