„Карши Влада, во подножјето на Кале е на страна?! Каде бе во Центар повеќе од ова? И што зборува ова за вас градоначалнику на СКОПЈЕ, дека тие што живеат од другата страна на Вардар се “фрлени на страна”?! Помалку вредни? Нив не сте им градоначалник?
Каква е оваа фрустрираност? Повеќе ќе вредите ако сте сред плоштад, до Мериот на пример?! Сите 700 вработени?! Да го затнете градот до крај? – е само една од бројните реакции по изјавата на градоначалникот Шилегов за причините за продажба на Градската куќа.







