Трајковска со паралела: Македонски магариња и бугарска блокада за ЕУ

Директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајковска со споредба и паралела меѓу македонските граѓани и тоа што им го прави Бугарија на патот кон ЕУ.



,,Да се потсетиме денеска на тоа што е народна поговорка (да се чудиш македонска е, ама може и да е бугарска – обаче, ако тоа се утврди следните 6 месеци).

(1) Збор на денот: магаре или магариња.
Именка, среден род

– Домашно товарно животно, слично но помало од коњ, со долги уши.
– Тврдоглав, неразбран човек.

(2) Изрази кои ни се толку познати од нашите нефашистички баби и дедовци.

– Магарето го викаат на свадба да носи вода – не го почитуваат, не е во ист ранг со останатите.

– Не умри магаре до зелена трева – залудно се надева на нешто, или, тоа се овие 6 месеци кои ги гледате како „ново сонце на слободата“.

Морковите ги изедовме, стаповите ги почувствувавме, белезите се трајни – сега уште ушите да ни допораснат и да сфатиме дека „Не умри магаре до зелена трева“ има длабоко филозофско и јасно значење и дека додека не разбереме дека треба сами да си ја најдеме тревата, не само што ќе останеме гладен, туку и ќе пцојсаме (пцовисаме за вас што не сте од Западна Македонија).

Секако, овој процес предвидува и дека залудно, наивно и очајно ќе се надеваш дека слатките зборови ОВОЈПАТ не се лага и дека ОВОЈПАТ нема да останеш гладен и на умирање.

Јаки магариња сме ние, трпиме и издржуваме. Уште да сме спремни да ја земеме предвид и опцијата оти следните 6 месеци бугарско „пријателство“ се само купување време и прераспределба на силите по кои ние ќе излеземе лошите магаренца. За толку кратко време „преговарање“ може само да се запознаеме со Бугарите – оти овие соседи веројатно и никогаш не сме ги познаеле или пак, не сме сакале вистински да ги видиме”, пишува иронично Трајковска за Македонците на патот кон ЕУ виа Софија.