„Која е логиката на задожително носење маски надвор? На што го базирате ова? Кој и врз база на што ја дал оваа препорака и зошто!? Како одлучувате дека карантинот е најдобро решение кога знаете дека во пола држава не може да го спроведете? Која е штетата на психичкото здравје со новите забрани и карантини?“, пишува на Фејсбук новинарката Жанета Трајковска по шестмесечните најави од министерот за здравство дека по „ситуацијата е под контрола“ септември ќе бил месец на новиот бран на пандемијата на Ковид-19 и најавува „построги мерки“, но не и карантин.



„Кој води сметка за ПСИХИЧКОТО ЗДРАВЈЕ НА ЛУЃЕТО? Кои се резултатите од првите 9 месеци за другите болести, меѓу кои и психичките нарушувања?! Како се ДЕЦАТА? Колку луѓе умреа оти не добија сериозно внимание заради протоколите или стравот и препораката да не одат на лекар!?“, пишува Трајковска.

„ВИЕ нè убедувавте на почетокот на сезоната дека е нормално луѓето да одат секаде, да се движат, дека ние што останавме во Скопје сме малце глупички и дека гужвата во Охрид е О.К., ако се држи дистанца? И сега карантин е новата нормалност и носење маски на отворено? И на Водно ли ќе важи тоа? Зошто? А да почнете како влада и држава да ја спроведувате политиката што ја промовирате и да си ја работите работата? Какви контроли имате направено по мали маркети, кафеани и кафулиња во петок и сабота навечер, кога сте биле во помалите градови во Источна и во Западна Македонија? Кога последен пат сте поминале во Дебар Маало навечер, еве нека не е за маски или оддалеченост, нека е за паркирање на улица или брзо возење и дивеење по градов?

Кога сте биле на Бит Пазар или ‘Пластичарска’?

Кога отидовте до некоја фирма, на свадба, на сунет, на домашни слави и празници или некоја општина во градов?

Забраните МОРА да ви се базирани на факти и сериозни објаснувања и докази, а не да бидат реакција на немоќта на администрацијата и системот да биде држава.

Не можеш по магарето, удри по самарот“.