„Овде имаше дрво! Здраво, право, високо колку зградите околу него, стигаше до 4 кат, правеше сенка за сите и беше дом за многу птици и бубачки. Ни беше заштита и живот. Ни го правеше денот поубав и ни ја собираше прашината, мирисите и загадувањето. Дрвото имаше веројатно повеќе од 30-40години. Не бевме свесни, ама ни беше дрво на животот. До него имаше уште 3 дрва, помали, но живи и зелени. Едното од нив имаше проблеми, беше суво од негрижа. Улицата беше убава токму заради тие дрва и ниту еден бетон нема да ја направи поубава! Сега тука ќе има едвај 2 дрвца кои некогаш ќе се засадат. За 40 години, можеби некои други генерации ќе имаат зелени крошни. Но, на ова место НЕМА ДА ИМА НИ ДРВЦЕ. Некој одлучил дека не важи Зелениот катастар, ни планот, а ни ЗБОРОТ што беше даден. Бетон! Само бетон и асфалт за овие згради“ пишува новинарката Жанета Трајковска на Фејсбук и го прозива градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој најави нова кандидатура на локалните избори за прв човек на Центар.



„За што да зборуваме градоначалнику Саша Богдановиќ, кога зборовите се растегливи. Од изјавата “ниту едно дрво на Орце нема да се исече”, по масакрот на 10 дрва на мал потег рековте “ќе се засадат дрва на ИСТИТЕ МЕСТА И ВО ИСТ БРОЈ”. Ни едното ни другото не излезе дека е вистина. Овде имаше дрво што ни даваше живот. Имаше замислете, дури 4 дрва, само на овој дел. Ги нема, крвнички ги исекоа. Сега е оставен простор за две, ако се фатат некогаш. Не вративте да живееме во постземјотресно Скопје. Што да разгледуваме, кога не е почитуван Зелениот катастар, а и зборовите се растегливи како и законите…. Овде имаше дрво. Сега има асфалт и пустош облечен во нов бетон. Малку понатаму останаа да висат само билбордите.

Со нив се заработува, па е ок да се замена за дрвата. Тие се сега највисоки на овој дел на Орце, која гордо си ја имавме како улица на дрвата. Ви благодариме што не зациментиравте.Edit: додадов 2 сликикога Орце беше неубава улица и зелена. Да се види каде имаше здраво и раскошно дрво, а на едната слика може да видите дека во продолжњние има уште 3 помали и здрави. Се исекоа. Резултатот е видлив. Да знаевме за “покољот”, ќе си ги сликавме дрвата за споменар. Како што реков, зборот е многу растеглив – од точно кон тотално неточно или невостина, да не речам лага!

Да повторам: ОВДЕ ИМАШЕ ДРВО!- пишува Трајковска на Фејсбук.