„Апсурдноста во која се западнати евроинтеграциите на Македонија со ветата од ЕУ-соседите, кои немаат никаква поврзаност со критериумите на Унијата за проширувањето, ниту со нејзините основни вредности, ја наметнува и дилемата: дали може ЕУ да ги гарантира сопствените критериуми во однос на Македонија?“ – вели Јасминка Павловска во својата анализа со наслов „Koга некој прави карикатура од Европа“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
„Може ли ЕУ да ги гарантира сопствените критериуми, врз кои се темели?“
Павловска пишува: „Една од поновите бесмислици, врз кои се заснова бугарското вето за почеток на македонските преговори за членство во Унијата, е и барањето на бугарскиот претседател Румен Радев за ‘правно обврзувачки гаранции, што ќе бидат вклучени во преговарачката рамка за Македонија’, кои ќе обезбедат спроведување на преземените обврски.“
„Барањето такви гаранции преку посебно поглавје во преговарачката рамка на ЕУ за Македонија е досега непознато во практиката на Унијата. Никому не му е јасно што бара сѐ Бугарија, која две години по потпишувањето на Договорот за добрососедство донесе декларација во своето собрание со услови од идентитетско-национален карактер за македонските евроинтеграции, кои немаат врска со Копенхашките критериуми.’– нагласува амбасадорот Ѓорѓи Филипов.“
„Невообичаената речиси дводецениска историја на македонските евроинтеграции, во која од две членки на Унијата се бараат гаранции за незагрозување на националните интереси на соседите, што значи барање за самонегација на македонскиот национален идентитет. Тоа е и прекршување на принципот на самоопределување, кој е гарантиран во Повелбата на ОН, која е содржана и во основачките акти на Европската Унија и на други носечки меѓународни организации. Со ветото, со дополнителните услови со Декларацијата на бугарското собрание и сите опструктивни амандмани и дејствувања во европските институции, всушност, Бугарија го прекршува Договорот за добрососедство со Македонија.
„Барањето дополнителни гаранции од Македонија во преговарачката рамка на ЕУ за спроведување на Договорот за пријателство укажува на синхронизираност со Преспанскиот договор. Тоа наведува на културоцид под европски плашт, како најлош израз на криминално однесување на меѓународната заедница спрема еден народ (македонскиот) и третирање на македонската држава. Со бугарските барања за преговарачката рамка за Македонија се настојува да се избрише и антифашистичкиот карактер на нашата држава. Најсоодветен одговор на прекршувањето на Договорот за добрососедство од бугарска страна би било прекинување на преговорите.’ – вели историчарката Наташа Котлар-Трајкова.“
Интернет-врска до целата анализа:
https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/koga-nekoj-pravi-karikatura-od-evropa/





