Трајкоска: Градоначалници калкулираат за кеш со урбаната мафија

Невообичаено остра критика на првиот човек на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајкоска по сечењето на дрва на локација во Аеродром за изградба на нов станбен и деловен објект.



“Нема асален градоначалник во Скопје, нема! Сите вие калкулирате со урбаната мафија и сте нејзини поданици #јер кеш! Никој од вас нема трошка храброст да стави точка на силувањето на градот и убивањето на своите граѓани.
Нема никаква разлика меѓу вас и вашите претходници. Популизам, шминка и дебели интереси со многу пари”, пишува Трајковска на социјалните мрежи.

“Единствено различно е што најголем дел од нас граѓаните, се однесуваме како да сме удрени со балван по глава па не гледаме што се случува, тргаме поглед, се правиме наудрени, слепи и неми, оти сме ве гласале, оти чекаме да се акомодирате на фотељите, оти сте дошле после потоп, оти името треба да се реши, оти сме направиле пакт со себе да ќутиме #јер не сакаме ВМРО да се врати, оти сме понижени пред изгубената последна надеж и лагата дека не се сите исти. Тонеме во уште поголемо ѓубре и поголем хаос. Чест на малите чекори на некои градиначалници ама никој од вас не покажа минимум интегритет, доблест, храброст и чесност за да стане татко во својата општина.
Сите сте исти!”, смета екс новинарката која важеше за жесток критичар и на предходните државни и локални власти.

Теајковска апелира “сите ние да го извадиме коњското сенило што не тера да гледаме само пред нас и да погледнеме околу нас и да се соочиме со гнасната, бетонска, загадена и узурпирана вистина дека сите вие сте неспособно исти!”.