Јас мислам да не се стискате, да направите дупла влада, со по 3 заменици министри, 6 вицепремиери, па по 4 директори на една институција, се’ да си зголемите за да ви ги засити апетитите за столче, службена картичка, кола, ручек и можност да вработувате.
Гадно е да гледаш како го делите ‘пленот’, како се ценкате за уште една функција, за уште едно моќно место.
Земете се, па и животите. Благојче е пример…
Каде е линијата кога викаш, доста е, сепак државата не е парче свинска кожа, доста е, правам штета поголема од тоа што јас ќе добијам?!
Веројатно ја немате.
Па затоа најлесно е да се плукате меѓу себе додека грабате уште една позиција и да бладате празни зборови во јавност. Нема излез од оваа баруштина.
Затоа барем вашите апетити да ги задоволиме – дајте 34 министерства и кажете дека тоа е сега најважно за успешниот пат кон ЕУ упс..Бугарија.
Објава на Фејсбук на новинарката Жанета Трајкоска






