„Сите кои имаат возило, во 2023 биле на регистрација. Најголем дел од нив прашале дали треба да се менува сообраќајната дозвола и добиле одговор дека НЕ ТРЕБА.
На 9 февруари 2024, петок, министерот Османи потсетува дека ако сакате надвор од логорот Маќедоња, и сообраќајните мора да се северни од понеделник 12 февруари. Каков тајминг!
А ДА КАЖЕШЕ НЕКОЈ, на пример МВР да информираше и да ги инструираше своите вработени на регистрација, да ги информираат граѓаните дека мора да се сменат и сообраќајните?! Барем тоа ќе се решеше без гужви, хистерии, нервози.
Ама нееее, оти и они не знаеле!
Кај е Оливер Спасовски денеска да каже нешто?!
Ваков хаос мора да се учи во книги ко студија на случај како не треба“.




