Новинарката и директор на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајкоска е изненадена од промената на наративот на владејачките партии и нивните поддржувачи во однос на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен „бегалец“ во Будимпешта:
„Чек, чек, да ми стане јасно.
Од провладиниве медиуми и нивните 560 копи-пастирани вести на нивните 560 он-лајн портали, и од нивните 56 високи екперти и креатори на провладино јавно мислење, добро ли разбрав дека од вчера треба да го величаме и поддржуваме Грујо, оти он е ќе да е (а и да не е), за уставни промени и е предвесникот на ЕУ иднината на државата, исто ко што беше бате Саше за уставните измени за Преспанскиот?!
Тоа е најновиот демократски, напреден, про-ЕУ-фронотовски наратив и „невидлива“ стратегија!?
Грујо спаси не од самите себе и те чекаме под Портана на бел коњ, се ти е простено, ооо ти, прогресивен демократу и чувар на медиумските слободи и права??
ОК – вие си знаете.
Едит – позајмено оти сте баш такви: Возљубени Груевољубци“! – пишува Трајкоска.






