Новинарката Жанета Трајкоска директор на Институтот за комуникациски студии реагира на тврдењето на МНР дека државата дала 5 години за менување на пасошите.
„Едноставно – не ширете лаги или да бидеме модерни дезинформации. Едноставен фактчекинг вика дека:
на 23 август 2021 почнало издавање на лични карти со новото име.
Во 2021 се уште имавме мерки за ковид, и имавме кампањи за останување дома, за не одење никаде ако немаме нужна потреба согласно насоките од МЗ и СЗО.
-Дури при крај на 2021 имавме насоки дека може да се почне со мали групни состанови со еден куп правила
имавме забрани и за патувања и посебни тестирања и пријавувања ако сакаме да излеземе од МК…иако на мал број во 2021 им беше тоа на ум.
многумина не одеа на работа и работеа онлајн, а богами имаше многу и од јавната и државната администрација кои “работеа од дома”.
Значи, може да речеме еве дека од почеток на 2022 имало како такво “нормализирање” на состојбите, или македонските граѓани имале САМО 2 ГОДИНИ до сега за промена на пасошите“ вели Трајкоска.
Во тие 2 години, можевте да направите план и да ги анимирате граѓаните и да создадете систем.
Вие ќутевте до пред некој месец за личните карти дека ќе важат внатре во нашето логорче т.н. маќедоња, а богами налепници со НМК немаше ни на почеток на јануари 2024 година, што значи граѓаните имаат МЕСЕЦ И ПОЛ да си го залепат новото име…ок само за 50 денари.
Па официјално сега на 1 февруари соопштувате дека нема патување бла бла..
Значи дечки, барем можете да не не правите будали“ која порачува да се провери на Гугл „пред да ни објаснувате за 5-те години…“