Директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајкоска, реагира на синоќешното „гостување“ на екс-министерот за внатрешни Оливер Спасовски, кој во ниеден момент не покажа минимум грижа илки одговорност кон јавноста поради катастрофалниот хаос со задоцнетото издавање лични документи.
„Вакво однесување и неприфаќање на вистината, но и на најмала вина, надменото однесување и тврдење дека сè пропаднало откако он заминал од министерската фотеља, а дотогаш се течело како мед, е ужасно глупо и сериозно неинтелигентно.
Дополнително, СДСМ да си ги побара парите од оној што им прави ПР стратегија со главни пораки или да им каже веднаш чао на партиските комуникациски стратези.
Колку треба да си збунет и туп во оваа ситуација да зборуваш дека граѓаните се криви за ситуацијата кога над 600.000 луѓе се пикнати во логор Маќедоња, а нивниот Министер до последен ден тврдеше дека се е под контрола. На страна возачки, сообраќајни итн…
Едно прашање не одговори Спасовски, туку дрнда нешто во што и самиот не верува, ама со бетон фаца демек е кул и без ни една емоција зборува за некаков динамички план, каде граѓаните се кривииии, ама Оливер не е – оти не не лажел со изјавите, барем во последните 9 месеци дека се е ок кога се топореше на сите телевизии, а медиумите предупредуваа за хаосот.
Очајно, жал дури ми е колку е ова надвор од реалноста и здравата логика.
Значи до крај на емисијата, ни од дома нема да ги гласаат“, пишува Трајкоска.






