„Еве бе, ако нема кој, јас ќе се јавам кај Грците за пасошите. Не е никаков проблем, можам и кај премиерот или кај претседателот.
Само кажете, ако ви е незгодно или малце шубе, да не речам страв“, реагирана Фејбук Жанета Трајкоска, директор на Институтот за комуникации по размената на прозивки околу тоа кој и дали треба да се јави во Грција да ургира, македонските пасоши без „северна“ да важат уште некој месец.
„Имаме ли ние Министер за НАДВОРЕШНИ…дека ова галиба ќе да му е работа во Владата, а?!
Туку, додека си ја префрлате топката кој да се јави кај Грците, да направевте нешто во врска со оние ужасно грди и потценувачки слики на граѓани кои чекаат ко црно ѓаволи со часови или се газат меѓу себе да си ги земат документите, м?!
Такво игнорирање на сериозен национален срам немало до сега.Ужас!- реагира Трајкоска.