Ние ќе понудиме помош на Словенија која СЕКОГАШ Е ТУКА за нас во неволја, или да почекаме да се вратат политичарите од одмор А?! реагира на Фејсбук директорката на Инситутот за комуникациски студии.



Словенија испраќа 52 пожарникари да ги заменат колегите во Берово

„Кај баш сега се поплавија кога цел “наш” врв е на одмор, па и кабинетите им, па и цела администрација? А, и кажано им е – одмор е одмор да не ги вознемируваат, па и за ваква катастрофа да се работи.

Чекајте од следна недела ќе кажеме дека ќе помогнеме, па ќе имаат состаноци, па комисии…и ќе помине време и нема да им треба нашата помош.

А, и што па ние може да помогнеме вакви недоветни!

И они најдоа да се поплавуваат на почеток на август-глупости!

Секако пост на ФБ ќе има дека ќе помогнеме кога ќе помогнеме оти сакаме да помогнеме и нема да не помогнеме….еве сега кај и да е.

Вечна да е МаЌедоЊа одморска..бљак“- пишува Трајкоска.