„После една недела македонска “висока” политика, имам само едно да ви кажам.



Човече, па вие лажете сушите, без срам, без перде, ко тетки пред селска чешма -ред лажење, ред оговарање, ред преправање и секогаш правење на Тошо за своите мали и големи криминалчиња и лоши “деца” по дома!- реагира на Фејсбук новинарката и директорка на Институтот за комуникациски студии по серијата размена на изјави кој кого молел, кој кого посетил, кој кого убедувал на наводни „тајни средби“ околу донесувањето на измените на Кривичниот законик.

„Вауууу, како лажете!!
Сега е важно вашите гласачи да знаат дека никој со никого не се договарал за КЗ, освен секој со секого некогаш, и дека никој не побарал амнестија, освен некој, ама па, никој нема ни да ја каже вистината оти веќе и не се сеќава на неа. Има еден збор на К, што сериозно ја опишув ситуацијава, ама безобразен е, па нема да го пишам, кој сака нека игра бесилка – К_ _ _ _ _ _ _ _ _ А.
Туку, и да да ја каже некој вистината, веќе НИКОЈ НЕМА ДА МУ ВЕРУВА.

Ви се зезна ПР-от, лоша подготовка и лоша проценка на ризик -заборавивте дека сега е време на спасување на сопствените задници. Освен ако не сакавте да направите комплете хаос во државата….што е можно, ама е монструозен план“.

На крајот на објавата на Фејсбук, Трајкоска вели дека македонската народна песна „лажи лажи Вере“ има се, да го одбележи високо политичко лажење…