Трајко Вељановски: Да крстиме собраниска сала по Артан Груби

Екс спикерот на Собранието Трајко Вељановски побара власта да не носи со сила Изборен законик.



Барајќи од дневниот ред да се исфрли точката 12 од дневниот ред на денешната седница рече дека никогаш предходно промени на Изборен законик не се носеле без согласност на опозицијата.

Вељановски вели дека и предходно имало примери кога владеачки коалиции менувале закони според свое наоѓање и интереси но никогаш за ваков закон од суштинско значење за политичкиот процес.

Екс спикерот од собраниската говорница иронично забележа дека власта без основа го користи европското знаменце и предложи една од салите во Собранието да го носи името на претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби.

Со ставање европско знаменце Собранието ја крати процедурата за носење на законите и опозицијата не може да ја опструира или да дава амандмани на законите.