Поранешниот скопски градоначалник Коце Шилегов со саркастично обраќање на Фејсбук до актуелниот градски татко Петре Шилегов по испаѓањето на фудбалскиот клуб Вардар во Втората лига, и тоа како шампион на Македонија.



„Неколку дена откако и официјално ФК Вардар испадна од Првата фудбалска лига сакам да му честитам на Петре Шилегов!!!

По 3,5 години успеавте да ја уништите скопската и македонска фудбалска гордост ФК ВАРДАР!!!

Од шампион успешно го вративте во Втора лига.

Ние не бевме совршени, но работевме на афирмација на спортот во Скопје. Водилка ни беше скопската спортска звезда да опстои и да се гордееме со шампионските успеси во Македонија и Европа.

Овој успех Петре, скопјани нема да ти го заборават!!! Јас го сакам Вардар и тој повторно ќе блеска“, му порача Трајановски на Шилегов.